Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Инцидент во општина Охрид, советник нападнал колега во Градскиот совет

Охрид, 10. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вербален инцидент кој препраснал и во физичка пресметка се случил попладнево во големата сала на општина Охрид.

– На 10.06.2019 година околу 14:00 часот, во СВР Охрид, Џ.М. телефонски пријави дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од страна на Н.У., двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на овој настан, информираат од СВР Охрид.

Неофицијално, станува збор за советникот Нефи Усеини кој го нападнал физички неговиот колега Џелал Мена, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник.

Од неговата матична партија БЕСА, излегоа со брза реакција и остра осуда на настанот. Тие ги повикуваат сите надлежни органи сериозно да го разгледат нападнат врз партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид.

– Стравот и паниката во ДУИ јасно се гледаат како криминолошките акции се приближуваат до крај. Денес, по апсењето на државниот секретар од редовите на ДУИ и објавувањето на бомбите за водачите на оваа партија, во последните денови, ја изгуби ориентацијата, гледајќи колку е криминалиирано и корумпирано овој политички субјект. Движењето БЕСА нема да молчи за акти на насилство што може да ги практикува локалните „бандити“ на ДУИ. Исто така, апелираме до други политички партии да го осудат насилството извршено од страна на ДУИ и сите колективно да ги изолираат и да ја испратат во историјата оваа структура на корумпирани и криминализирани кои ја држаат во заложништво иднината на Албанците, стои во соопштението од БЕСА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење