Спорт

Стојановиќ ќе ги предводи ракометарите на Металург

Скопје, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС)Ракометниот клуб „Металург“ го ангажира Дамир Стојановиќ за нов тренер на првиот тим. Србинот доаѓа на местото на Оливер Димитриоски, кој го водеше тимот по заминувањето на Данило Брестовац.

Металург наредната сезона ќе влезе со целосно нов тим, кој ќе се натпреварува во домашното првенство, нема да игра во Лигата на шампионите туку најверојатно во ЕХФ купот. Металург нема наредната сезона да игра во СЕХА-лигата.

Стојановиќ во досегашната кариера работел во Хапоел Рижон (Израел), Вечеши (Унгарија), Патра (Грција) и Земун (Србија). (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење