Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Се обележуваат површините за поставување на урбана опрема

Охрид, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните служби на Локалната самоуправа, во дел од централното градско подрачје ги обележаа површините за поставување на урбана опрема.

– Се информираат сопствениците на деловните простори, пред кои поставуваат урбана опрема да ја почитуваат оваа мерка, бидејќи во спротивно комуналните инспектори ќе постапуваат според законските прописи, велат од општина Охрид.

Обележувањето продолжува и на останатите површини на кои е предвидено поставување на урбана опрема. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење