Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид со официјално соопштение за вчерашниот инцидент во општина Охрид

Охрид, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид денес излезе со официјално соопштение за вчерашниот инцидент во општина Охрид.

– На 10.06 .2019 година, 25-годишниот Џ.М., советник во Советот на општина Охрид, пријави дека, истиот ден околу 14:00 часот, додека извршувал работни задачи во општина Охрид, по неговото излагање на седница, физички бил нападнат од страна на лицето Н.У. од Охрид, советник во Советот на општина Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Н.У. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење