Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за лице од Охрид во чиј дом биле пронајдени амфетамини

Охрид, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 27-годишниот В.Ш. од Охрид.

– На 25.12.2018 година, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени амфетамини, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење