Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид: Настанот од вчера е изолиран инцидент и нема да се повтори

Охрид, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од охридската локална самоуправа излегоа со официјален став во врска со вчерашниот инцидент кој се случи на седницата на советот на општина Охрид.

– Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советниците се гласот на граѓаните, а Советот е највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење