Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Советот го достигна дното, ние предупредивме дека непринципиелните предизборни договарања не водат кон добро и интерес на граѓаните

Охрид, 11. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид осудува секаков вид насилство и затоа остро реагираме и го осудуваме вчерашниот инцидент на седницата на Совет на општина Охрид, стои во дописот до медиумите кој го испратија од партијата.

– Институцијата Совет го достигна дното за што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелираше и предупредуваше за неговото институционално паѓање. Тоа се случуваше изминатите две години преку низа непринципиелности, праксата на недоаѓање на седниците на Совет на предлагачите, суштински грешки во одлуките, незаконските одлуки ставајќи ги во преден план партиските интереси и ред нерегуларности. Дигнитетот на Советот е нарушен на што предупредивме дека непринципиелни предизборни договарања, компромитирачки одлуки не водат кон добро и интерес на граѓаните. Ги повикуваме надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот за што не смее никакво толерирање. Локалната Власт на институцијата која припаѓа на граѓаните и го зададе најнискиот удар за што ако има грам совест ќе си понесе одговорност. ВМРО-ДПМНЕ, ОК Охрид будно ќе го следи епилогот на правната разврска, додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење