Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва започнува шестото по ред издание на фестивалот „Вдиши театар“

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, вечерва ќе биде отворено шестото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот фестивал ќе биде еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно претставува и почеток на културното лето во Охрид.

Image may contain: text

– Во четиридневната програма, својот актерски талент, умешност и креативност, низ 5 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 60 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од, Суботица, Ужице, Крагуевац, Битола и Охрид што воедно ќе отвори можност за сплотување на актерите-аматери од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства. Фестивалот ќе се реализира во Охрид, во периодот од 12-ти до 16-ти јуни 2019 година, информираат од Црвен крст Охрид.

Свеченото отворање е вечерва, во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот со претставата „Домино“ и перформансот „Вдиши театар“, под авторство и режија на Јован Цветкоски, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а во изведба на театарската група на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење