Избор Култура

Нови наслови во охридската библиотека

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со уште неколку наслови, повторно е збогатен книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

– На располагање на читателите им стојат книгите: „Љубовта е хемија” од Зоја, „Ќерките на ноќта” од Едгар Волас, „Крешендо” од Бека Фицпатрик, „Крилја” од Априлин Пајк, „Денес ме има, утре ќе ме нема” од Мерилин Кеј, „Огнениот прстен” од П. Д. Бакаларио, „Моќта на умот тајната на менталната магија” од Вилијам Вокер Аткинсон, „Џорџ и непробојниот код” од Луси и Стивен Хокинг, „Од длабочините на заборавот” од Патрик Модијано, „Ни чукаат ли срцата за нас?” (книга 3)  од Оливера Николова, „Книжевноста и политичкото насилство” од Славица Гаџова Свидерска и „Богатството на Бермудските острови” од Стив Стивенсон, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење