Избор од Уредникот Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Лазе Танески повторно избран за претседател на ОО на СДСМ

Охрид/Скопје, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бизнисменот и угостител Лазе Танески повторно е поставен за претседател на ОО на СДСМ во Охрид.

Танески беше на чело на охридската СДСМ од септември 2017 година, па се’ до одлуката на премиерот да ги разреши претседателите на општинските организации.

Назначени се 30 претседатели на Општински организации, меѓу кои и на охридската, кои денес на прес конференција ги објави партискиот портпарол Костадин Костадинов.

Премиерот Зоран Заев со т.н. „метла“ претходно разреши 78 претседатели на локалните ограноци, а како причина беа наведени лошиот резултат на претседателските избори, но и поради непотизам во партиските редови.

По ова СДСМ на 28-ми мај објави повик за самокандидирање на претседатели на општинските организации на партијата. Кандидатите требаше да достават стандардизирана програма и биографија, заедно со пријавата, изјава за етички кодекс, правилник и роковник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење