Избор Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Инфо пултовите со touch screen и ова лето надвор од употреба

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Туристичките информативни пултови со екран на допир поставени на најфрекфентните места низ Охрид и ова лето се вон употреба, па нема да ја оправдаат намената.

Од Секторот за туризам и локален економски развој во чија надлежност се истите потврдуваат дека инфо точките не се функција веќе подолг период, а од локалната била побарана информација за бројката и дефектот за поправка на истите.

Инаку низ Охрид вакви информативни пултови со екран на допир се поставени на пет локации.

Кога се поставија целта беше преку нив туристите да добијат најразлични информации за градот, од понуда на кафеани, ресторани, до културни збиднувања и план на градот со локации на културно-историските знаменитости.

Но, сега се цел на несовесни поединци, служат како место за испишување графити и лепење плакати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење