Избор ТОП ВЕСТИ

Холандија е првата земја во светот во која нема кучиња скитници, еве како го постигнаа тоа

Амстердам, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со проблемот на напуштените животни се судрија многу земји во светот, но само Холандија успеа соодветно да го реши овој проблем.

Со системот залови-стерилизирај-вакцинирај-чипирај-врати, уште од 2016-та година се првата земја во светот која успеа да го реши овој сериозен проблем, а воедно да ги спаси и животните, меѓу кои доминираат кучињата, од неизвесноста и теророт со кој се соочуваат на улиците.

Во земјата се организираат денови на стерилизација, за што трошоците комплетно ги покрива државата. Секое куче било прегледано од ветеринар и добивало соодветен третман, доколку истиот бил потребен. Паралелно била донесена и посебна законска регулатива, па сите луѓе кои ги занемарувале или злоставувале овие животни се соочувале со сериозни парични казни кои достигнувале и до 16.000 долари.

Државата покренала и посебна кампања за краткотрајно вдомување на кучињата, за да се подигне свеста за отфрлените животни. Луѓето на неколку дена вдомувале некое куче, а дури во 90% од случаите, истото останувало како домашен миленик во семејството. Благодарение на оваа мерка, кучињата добиле дом, а подоцна и права, заедно со сопствениците да можат да имаат пристап и до најголемиот дел од дуќаните, кафе баровите и рестораните. (Крај)

извор: index.hr фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење