Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Непознато лице врши „phishing“ напади фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка Сосиете Женерал и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, информираат од банката.

– Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти) добиваат пораки од мејлот ohridska_banka@obsg.com.mk со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив. Ве советуваме, ДА НЕ ГО ОТВАРАТЕ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА ohridska_banka@obsg.com.mk за да се заштитите од злоупотреба на Вашите податоци. Доколку во меѓувреме сте го отвориле прилогот потребно е да се консултирате со ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат, додаваат од банката од каде информираат дека ги преземаат сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите. (Крај)

извор:ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење