Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Велосипедот на Васил Јанкула во вистински раце, предаден на Даниел Нунески од Пештани

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Велосипедот на Васил Јанкула заврши во вистинските раце, кај Даниел Нунески во Пештани.

– Голема благодарност од мое име и семејството Нунески до Тони Ангеловски и преспанскиот херој Васил. Сите сме исти, објави на неговиот профил на Facebook познатиот ЕКО активист и радио водител Жанко Голабоски.

Image may contain: 1 person, smiling, tree, bicycle, outdoor and nature

По седум дена возење со неговиот специјален трицикл, младиот херој, ресенчанецот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, на 17-ти мај пристигна во Охрид, од каде следниот ден, преку Галичица, замина за неговиот роден град.

Придружуван од неговиот тим, но и од самиот Голабоски од „ЗШ Авантура“, тој го затвори кругот околу државата и ќе пристигне во родниот Ресен.

Image may contain: one or more people, bicycle, sky, outdoor and nature

Со пораката „Сите сме исти“ на неговиот трицикл, тој беше пречекан и испратен од Охрид со громогласен аплауз.

– Сакам да ги мотивирам сите лица да спортуваат. Оние кои имаат некој хендикеп, нека го искористат во позитивна смисла. Без оглед на временските услови, кои беа тешки, јас не се откажав. Сакав да докажам дека „Сите сме исти“ и дека не треба да се гледа на лицата со хендикеп со други очи. Јас сега имам нов, а стариот велосипед им го подарив на Жанко ЗШ Голабоски и „ЗШ авантура“. Станува збор за посебно возило-трицикл, кој е посебно прилагодено за лица со посебни потреби. Тие ќе го подарат на некое лице кое има потреба, изјави неодамна Васил. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Жанко ЗШ Голабоски

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење