Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Со претставата „Домино“ отворено шестото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Охрид, 12. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сигурни на сцена, со манири на вистински професионалци, удобни во своите улоги, понесени од младешката енергија и ентузијазам.

Со претставата „Домино“, младите актери од охридскиот Црвен крст на маестрален начин, во предворјето на црквата „Св. Софија“ вечерва го отворија шестото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Вечерта започна со уметнички перформанс со 15 млади кои ја најавија премиерата, но и она што следува во наредните фестивалски денови, во кои ќе низ 5 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 60 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Суботица, Ужице, Крагуевац, Битола и Охрид.

На крајот бурни и сосема заслужени аплаузи. Единственото нешто што беше аматерско вечерва, беше само во името на фестивалот. Светло, музика и талентот на младите актери направија ова да биде ноќ за паметење за бројната публика, која до последно место го испочитува настанот.

Повеќе за претставата и фестивалот од интервјуто на Супер радио и OhridPress со Јован Цветкоски, режисер и автор на преставата и Весна Терзиоска, потпретседателката на охридскиот Црвен Крст, воедно и дел од организацијата на фестивалот и режисер на претставата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење