Избор Охрид

Супер радио повторно меѓу најслушаните радио станици во државата

Охрид, 4. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен опфат од 4,4% кај слушателската публика, Супер радио останува во самиот врв на слушаноста помеѓу локалните радио станици во Република Македонија.

На прагот на 23-та година од постоењето, Супер радио останува еден од водечките медиуми во западниот дел од државава, со комплетна забавна, информативна и спортска програма.

– Им благодариме на сите наши слушатели и на читателите на нашите информативни портали кои го надополнуваат впечатокот за довербата. Се трудиме да ја оправдаме истата секој ден, сега и од новото студио кое овозможува уште подобри услови за работа. Денес започнува со емисија легендата Драган Б. Костиќ, во преговори сме со уште една голема легенда да дојде на вистинската адреса. За ова лето ќе имаме и многу изненадувања, вели уредникот Јане Стефанов.

superradio

Супер радио низ годините растеше во техничка и кадровска смисла. Во моментов програмата ја емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Mhz на FM скалата од предавателниот пункт на „Гореничка Чука”, од која зрачат најголемиот дел од локалните и националните медиуми во регионот на Охрид и Струга. Од тој пункт програмата се следи со одличен квалитет на целата територија на општина Охрид, новоконституираните општини, односно општина Струга и сите новоконституирани општини во струшко како и делови од Кичево, Ресен и Дебар.

Низ годините Супер радио ја препозна моќта и многу рано стана дел од интернет мрежата. Првата веб страна на Супер радио е поставена на 25-ти август 2001 година. Слушателите од целиот свет можат да уживаат во програмата на Супер радио во живо на Интернет од далечната 2002 година. Тогаш, на 10-ти август, точно во 10:30 минути наутро, првата песна која беше емитувана преку големата мрежа беше тогаш големиот хит за Mousse T – Fire.

Вестите и други информации, кои ги подготвува бројната екипа, може да се проследат и информативниот портал на станицата www.ohridpress.com.mk кој е посветен на актуелностите од Охрид и Струга, порталот www.inpress.com.mk, посветен на најсвежите настани од земјата и светот и секако и на веб-страницата на радиото www.superradio.com.mk, на која од неодамна слушателите преку директен видео линк следат како се создава програмата на радиото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива