април 14, 2022

Скопје, 14. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.997 тестирања, при што се регистрирани 142 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 77
• Битола 22
• Кавадарци, Гостивар и Струмица по 5
• Струга 4
• Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш по 3
• Штип и Прилеп по 2
• Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово по 1

Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82 години), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот од 7-ми март до 8-ми април 2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.

Регистрирани сe 198 оздравени пациенти од:

• Скопје 112
• Битола 24
• Охрид 12
• Прилеп, Кавадарци и Куманово по 7
• Ресен 6
• Велес, Делчево и Берово по 3
• Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија по 2
• Штип, Неготино, Дебар и Валандово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а бројот на активни случаи изнесува 1.112. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука