Скопје, 9. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.669 тестирања, при што се регистрирани 149 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 77
• Битола 16
• Прилеп и Кавадарци по 9
• Делчево 6
• Гостивар, Охрид и Ресен по 4
• Тетово и Кичево по 3
• Куманово, Струмица, Гевгелија и Неготино по 2
• Струга, Свети Николе, Радовиш, Валандово, Виница и Демир Капија по 1
Од вкупниот број на позитивни (149), регистрирани се 20 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Скопје (88 години), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Кичево (1) и Гевгелија (1), на возраст од 73 години до 81 години. Пријавените лица се починати во период од 01.04.2022 до 02.04.2022 гоидна. Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а едно лице е починато во болнички услови.
Регистрирани сe 223 оздравени пациенти од:
• Скопје 126
• Битола 25
• Прилеп и Охрид по 16
• Кавадарци 9
• Делчево и Куманово по 5
• Крушево 4
• Ресен, Струмица и Струга по 3
• Виница 2
• Гостивар, Тетово, Гевгелија, Свети Николе, Велес и Кратово по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.981.494 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.654, бројот на оздравени пациенти е 297.059, на починати е 9.244, а бројот на активни случаи изнесува 1.351. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство