Избор Охрид Струга

Зголемување на индексот на наталитет во Струга, во Охрид на исто ниво

Охрид/Струга, 18. јуни2015 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид бројот на вкупно живородени деца изнесува 559, од кои 303 биле машки, а 256 женски.

Од нив, според податоците со кои располага Државниот завод за статистика, во Република Македонија во брак се родиле 542 деца, а вон брак се родиле 17.

Во соседна Струга, за истиот период, 2014 година, бројот на вкупно живородени деца изнесува 688. Од нив 347 биле машки, а 341 женски. Во брачна заедница се родиле 632 деца, а вон брак 56.

Бројот на живородените деца во 2014, во споредба со претходната година е намален за 2 проценти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење