Избор Струга

Вечерва ноќно искачување на Црн Камен

Струга, 21. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Планинарското Еколошко Друштво „Закамен“ од Струга, продолжува со реализација на предвидената програма за активности за планинарење.

По големиот и масовен Планинарски марш за спас на Јабланица, кој го организираа, вечерва ќе се спроведе ноќно искачување на врвот Црн Камен.

– Ќе се искачуваме на Црн Камен, кој е на 2 258 метри надморска височина и ќе го чекаме изгрејсонцето на врвот. Сите се добредојдени, најавуваат од друштвото.

Ноќното искачување започнува во 01:00 часот по полноќ, а предвидено е да заврши следниот ден околу 08:00 часот. Од „Закамен“ потсетуваат дека заинтересираните граѓани, кои ќе сакаат да се вклучат во акцијата, треба да имаат задолжителна опрема челна ламба (со резервни батерии) и свирче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Andrej Bandovski

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење