Скопје, 18. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 684 тестирања, при што се регистрирани 18 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 16
• Битола 2
Од вкупниот број на позитивни (18), регистрираниа е 1 реинфекција. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Струмица (86 години), починато во домашни услови, пријавено на 30.03.2022 година.
Регистриран e 231 оздравен пациент од:
• Скопје 101
• Битола 41
• Прилеп 24
• Кичево 13
• Охрид 8
• Кавадарци и Радовиш по 6
• Штип 5
• Велес 4
• Куманово, Тетово, Кочани и Делчево по 3
• Струмица и Крушево по 2
• Струга, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Виница, Демир Капија и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.997.169 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.620, бројот на оздравени пациенти е 298.532, на починати е 9.262, а бројот на активни случаи изнесува 826. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство