Спорт

Пресметка на навивачите на Сараево и Лех Познањ

Сараево, 14.јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Изминатава ноќ на улиците на Сараево,БиХ се водеше вистинска војна во пресметката меѓу навивачите на Сараево (Хорде Зла) и полскиот шампион Лех Познањ, кои вечерва од 21 часот играат во 2-то квалификациско коло за ЛШ.

Судирите започнале вчера во вечерните вчерашни часови а траеле се до рано утрово. Како што јавуваат босанските медиуми повредени се вкупно околу 20 навивачи од двете страни.

neredi_sarajevo_sssarajevo1

Оштетени се голем број возила,искршени се голем број на излози а оштетено било и едно возило на брзата помош. Автобусот на полските навивачи со кој допатувале во целост е уништен. (Крај)

https://youtu.be/VZbf8_fVbno

извор: Спорт ТА фото: Радио Сараево