април 6, 2022

Скопје, 6. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.249 тестирања, при што се регистрирани 195 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 107
• Битола 16
• Охрид 11
• Прилеп и Кавадарци по 9
• Велес, Струмица и Делчево по 4
• Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево по 3
• Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија по 2
• Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип по 1

Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71 и 85 години), двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83 години), починато во болнички услови.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од:

• Скопје 117
• Битола и Кавадарци по 15
• Охрид 11
• Струга 7
• Куманово 6
• Прилеп 5
• Велес 4
• Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен по 3
• Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино по 2
• Радовиш и Берово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука