април 26, 2022

Скопје, 26. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 893 тестови, а регистрирани се 21 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 15
• Битола 3
• Кавадарци, Кичево и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (21), не се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (72 години), починато во болнички услови.

Регистрирани сe 89 оздравени пациенти од:

• Скопје 53
• Битола 16
• Прилеп 6
• Велес 4
• Кавадарци и Куманово по 3
• Штип 2
• Кичево и Тетово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.229, бројот на оздравени пациенти е 299.391, на починати е 9.277, а бројот на активни случаи изнесува 561. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука