Забава КЕРИМ News

Контра вести на Супер радио – КЕРИМ News Vol.44 (ВИДЕО)

Охрид, 15. август 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобра музика, проверени, брзи и точни информации, но и насмевка на вашето лице.

Ова се трите моменти кои ги имате на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Токму во делот со насмевките, Супер радио со почетокот на месец јули, па во текот на целото лето, ќе објавува „осврти“ на актуелните состојби во Охрид, Македонија и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим.

Транскрипт на „вестите“ во оригинал:

– Значит риба ко ќе спомнам риба тоа значит на жена предвидено значит требит да не се плашит народот. Требит народот да уживат во тој момент. Требит народот тоа да го посакуват, како да ви опишам мои драги гледачи вие слушате и слушатели вие слушате Супер радио, а тука е секогаш Дџ Коне со вас…

Слушајте ги „вестите“ секој ден во 11:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress.

Лето 2015-то на Супер радио. Бидете со нас!!! (Крај)