Скопје, 1. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, при што се регистрирани 234 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
-Скопје 99
-Прилеп 26
-Кавадарци 19
-Куманово 17
-Струмица 15
-Неготино 9
-Тетово и Кочани по 7
-Гостивар 6
-Штип и Велес по 5
-Охрид и Гевгелија по 4
-Струга 3
-Виница 2
-Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип по 1
Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (68 години – странец хоспитализиран во Скопје и 86 години), 2 пациенти од Крушево (71 и 71 години), и по еден пациент од Тетово (62 години), Прилеп (85 години) и Пробиштип (71 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 274 оздравени пациенти од:
-Скопје 138
-Кавадарци 33
-Неготино 19
-Велес 10
-Крива Паланка и Ресен по 8
-Штип 7
-Куманово 6
-Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово по 5
-Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово по 3
-Кочани, Кичево и Пробиштип по 2
-Берово и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство