Избор Охрид

Крводарителска акција во сабота по повод Светскиот ден на првата помош

Охрид, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота на 12 ти септември, Црвениот крст од Охрид ќе организира крводарителска акција во просториите на ЦК „Григор Прличев“.

Сите хумани граѓани ќе можат да даруваат крв. Со тоа, ОО на Црвен крст Охрид ќе го одбележи 12 Септември – Светскиот ден на првата помош. Екипи на Црвен крст ќе бидат присутни на градскиот плоштад со тимовите за прва помош.

Во сабота, исто така, во соработка со здружението „Мозочен удар“, ќе се вршат превентивни бесплатни прегледи. Граѓаните имаат можност да направат ЕКГ, прегледи и анкета или проценка за ризик за добивање на мозочен удар кој е доста чест во последно време како и хипертензијата.

Акцијата ќе биде од 10 до 14 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење