Спорт

US Open: Серена подобра во сестринскиот дуел

Њу Јорк, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Серена Вилијамс ја победи својата сестра Венус во четвртфиналето на US Open и ја постигна својата 16-та победа во 27-от дуел со постарата сестра.

Мечот помеѓу сестрите Вилијамс траеше еден час и 41 минута, а Серена победи со 6-2, 1-6, 6-3.Во полуфиналето Серена ќе игра против Роберта Винчи која ја победи Кристина Младеновиќ со 6-3, 5-7, 6-4.

Втората полуфинална двојка во женска конкуренција ќе биде формирана денеска по одигрувањето на мечевите помеѓу Петра Квитова -Флавија Пенета и Викторија Азаренка-Симона Халеп. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива