Спорт

ЕП: Кошаркарите поразени од Хрватска

Загреб, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Македонија беа поразени од Хрватска со 55-73 во третото коло на ЕП.Македонската репрезентација против домаќинот одигра одлично прво полувреме но во вториот дел играта беше катастрофална.

Самарџиски со 10 поени беше единствениот играч со двоцифрен број на поени кај Македонија, по девет реализираа браќата Стојановски, додека Хендрикс не постигна ниту еден кош.Хрватска до победата ја предводеше Шариќ со 15 поени.

Македонија денеска од 18 часот го игра клучниот натпревар за понатамошен пласман, против репрезентацијата на Грузија која по три кола нема победа. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Хина