Македонија

Суспендиран докторот на починатата родилка во Тетово

Тетово, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Семејството на починатата родилка од Тетово, тврди дека, 33 годишната Виолета Кировска би можела да се спаси, доколку навреме била однесена на Скопските клиники.

Породувањето со царски, траело невообичаено 3 часа. Лекарскиот тим го известило семејство дека има мала компликација, но дека бебето и пациентката сe во добра здравствена состојба. За неполни два часа, ги известиле дека на родилката треба да и се направи уште една операција. Но, додека траеле операциите, пациентката изгубила голема количина крв.

И покрај ваквата состојба пациентката на Скопските клиники по наше инсистирање, беше префрлена дури во утринските часови. Наш близок пријател доктор по професија, ни сугерираше дека родилката мора под итно да се префрли на клиникa. Тој ни кажа дека пациентката изгубила многу крв и ако toa продолжи, пациентката може да почине за половина час, велат блиски роднини на родилката кои не сакаат јавно да зборуваат.

Но, докторите во Скопје не успеале да и ја стабилизираат состојбаta на родилката, и таа починала за неколку дена. Семејството поднелo кривична пријава за докторот кој што ја оперирал Кировска, за кого се сомневаат дека ја направил грешката.

Докторот што ја оперирал пациентката е привремено суспендиран велат од Клиничката болница во Тетово, се дури не се направи обдукција и не заврши истрагата за случајот, во која е вклучена посебна комисија од нивната установа и екипа од Министерството за здравство. (Крај)

извор: Телма фото: Телма

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење