Свет

Дебата меѓу политичките лидери на Грција

Атина, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Грција вечерва ќе се одржи ТВ дебата меѓу лидерите на политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 20 септември.

На дебатата ќе учествуваат лидерите на Сириза, Алексис Ципрас, на Нова демократија, Евангелос Меимаракис, на ПАСОК, Фофи Генимата, на Потами, Ставрос Теодоракис, на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцумбас и на Независни Грци, Панос Каменос. Во дебатата нема да учествува лидерот на неофашистичката Златна зора, Никос Михалолиакос.

Во рамките на телевизиската дебата, повеќе новинари ќе им поставуваат прашања на политичките лидери за нивните ставови за клучни прашања од економија и миграција до здравство и образование.

Во меѓувреме предизборната кампања се вжештува. (Крај)

извор: Алфа фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење