Избор Охрид Хроника

ОБНОВЕНО: 26-годишна жена загина во сообраќајката кај Подмолје

Охрид, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи денеска претпладне на стариот пат Охрид-Струга, во близина на охридското село Подмолје.

Како што дознаваме во несреќата се повредени најмалку уште седум патници.

Незгодата се случила околу 11:00 часот при директен судир меѓу минибус на транспортната фирма „Галеб“ од Охрид и автомобил марка „Голф“ кој бил управуван од страна на 26-годишна жена која поради сериозноста на повредите починала на патот кон болницата „Свети Еразмо“.

Повредените патници од мини-бусот како и возачот биле примени во болницата „Свети Еразмо“, но се надвор од животна опасност и повеќето од нив се пуштени на домашно лекување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење