Избор Спорт

АФМ: Претседателот на ЕАА – Хансен, во Охрид го отвори прашањето на македонската атлетика

Охрид, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – На покана на Атлетската федерација на Република Македонија, на 7-ми и 8-ми септември специјални гости во Охрид и Македонија беа Претседателот на Европската Атлетска федерација (ЕАА), Свен Арне Хансен и Претседателот на Балканската Атлетска федерација (АБАФ), Добромир Карамаринов, кој е воедно и прв Потпретседател на ЕАА.

– Ова е прва официјална посета на Претседателот на ЕАА кој по повод Независноста на Република Македонија одвои време и даде важност за атлетскиот и севкупниот спорт во Македонија. Тој беше запознат со проблемите кои го тиштаат развојот на атлетскиот спорт, а беше разговарано за повеќе заеднички проекти, развојот на уличното трчање, за охридскиот атлетски маратон, за Скопскиот маратон кој има 5 ѕвезди. Гостите добија признанија од АФМ врачени од нашиот Претседател Крсто Серафимовски, информираат од Атлетската федерација на Македонија.

Од Атлетската федерација на Македонија им честитаат на победници на 29-от Атлетски маратон Охрид 2015. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива