Свет

Јагланд: Потребно е упатство како да се однесуваме кон бегалците

Брисел, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Генералниот секретар на Советот на Европа Торборн Јагланд доставил до 47-те земји членки на Советот упатство за како да ги третираат мигрантите и барателите на азил, со цел да бидат заштитени нивните човекови права.

– Кризата која се одвива во моментот претставува сериозен предизвик за европските земји, пишува тој во своето писмо до земјите членки, „Од неколку земји се бара да го прифатат мнозинството на дојденци и политичката солидарност е пред сериозен тест“.

Тој ги повика европските политички лидери да им помогнат на своите соседи и сојузници за да се исполнат условите за човечко однесување кон бегалците и да се задоволат потребите кои настануваат со секој нов бран на бегалци кој доаѓа. (Крај)

извор: Нова ТВ фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење