Спорт

Мартин Демикелис го напушта Манчестер Сити

Манчестер, 9. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува Тутомеркато“, фудбалерот на Манчестер Сити, Мартин Демикелис, кариерата би можел да ја продолжи во родната Аргентина.

Според овој интернет портал, 34-годишниот дефанзивец можно е да се врати во својот матичен клуб Ривер Плата каде играше од 2000 до 2003 година.

Во екипата на Манчестер Сити доби тој доби силна конкуренција на местото на кое игра по пристигнувањето на Николас Отаменди од Валенсија.

Аргентинецот за Сити оваа сезона настапи само два пати. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива