Избор Охрид

Продолжува размената на студенти меѓу универзитетот Норвич и Универзитетот „Св. Апостол Павле“

Вермонт/Охрид, 3. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Воената академија и најстариот приватен воен универзитет „Норвич“ од пролетниот семестар ќе започнат со реализација на проектот за размена на питомци и студенти, беше договорено на вчерашната средба на министерот Зоран Јолевски со претседателот на Универзитетот, ‎адмирал Ричард Шнајдер.

На средбата министерот Јолевски изрази задоволство од досегашните контакти и соработка со универзитетот на кој досега имале можност да се школуваат студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Претседателот Шнајдер посочи дека досегашното искуство од соработката со Македонија е исклучително позитивно и изрази задоволство што продолжува размената на студенти меѓу Македонија и САД, од универзитетот „Норвич“, со студенти од Универзитетот за информатички научки и технологии „Св. Апостол Павле“, како и Воената академија од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење