Економија Избор Охрид

Симпозиум за земјоделство ќе се одржи во Охрид

Охрид, 5. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за сточарство при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информираат дека од 7-ми до 9-ти октомври во Охрид ќе се одржи вториот Меѓународен Симпозиум за земјоделство и храна ISAF 2015.

– Меѓународниот Симпозиум за земјоделство и храна (ISAF 2015) е одлична можност да се соберат на едно место научниците и инженерите од областа на земјоделството и производството на храната со цел да се подобри и засили соработката помеѓу Универзитетите, Институтите и компаниите од агробизнис секторот, велат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес/fznh фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење