Скопје, 12. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.635 тестирања, при што се регистрирани 277 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 141
• Прилеп 23
• Битола 20
• Куманово 17
• Кавадарци 14
• Велес и Охрид по 9
• Кичево и Струмица по 7
• Гостивар, Крива Паланка и Струга по 4
• Гевгелија 3
• Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово по 2
• Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип по 1
Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (60, 79, 80, 84 и 86 години) и по едно починато лице од Кичево (69 години), Неготино (68 години), и Струмица (80 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41 до 90 години. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови.
Регистрирани сe 132 оздравени пациенти од:
• Куманово 16
• Прилеп 15
• Битола 14
• Охрид 13
• Скопје 11
• Велес 10
• Струга 8
• Кавадарци и Ресен по 6
• Дебар и Демир Хисар по 5
• Гевгелија 4
• Тетово, Гостивар, Штип и Неготино по 3
• Кичево 2
• Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Берово и Пехчево по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство