април 4, 2021

Охрид, 4. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Министерството за здравство на Република Македонија (МЗ), 28-годишен пациент од Охрид ја загуби битката со корона вирусот.

Според првичните, неофицијални информации тој починал на Инфективната клиника во Скопје каде бил пренесен, откако претходно бил хоспитализиран во Охрид.

Денешниот извештај на Министерството за здравство јавува за 24 новозаболени и 4 починати лица од Охрид. Покрај 28-годишното момче, починаа уште 3 лица на возраст од 78, 75 и 73 години. Во ковид центарот во Охрид во моментов се хоспитализирани 109 пациенти.

Во текот на последните 24 часа се направени 3.246 тестирања, при што се регистрирани 734 нови случаи на COVID-19. Досега во земјата се направени вкупно 641.573 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630. (Крај)

извор: Министерство за здравство/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука