април 10, 2021

Охрид, 10. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум.

Вчера се санкционирани 295 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид.

May be an image of 1 person and standing

– 18 возачи возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 104 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности, рече Ангеловски.

May be an image of one or more people, people standing and road

Тој најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. (Крај)

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука