Избор Охрид Празници

Верниците организирано ќе го прослават празникот Свети Великомаченик Димитрија

Охрид, 8. ноември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани денес организирано ќе го одбележат големиот верски празник Свети Великомаченик Димитрија – Митровден.

Црковниот одбор од црквата Свети Димитрија – Градски плоштад – Охрид, денес ги поканува верниците на заедничко чествување на празникот.

Традиционално верниците ќе се соберат кај црквата Свети Димитрија на Градскиот плоштад, а годинава организираното прославување е по десетти пат. Како што велат од Црковниот одбор, ќе биде приготвен црковен ручек, а чествувањето ќе биде збогатено со богата културно – уметничка програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива