февруари 28, 2021

Скопје, 28. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, при што се регистрирани 305 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 153
-Кавадарци 30
-Куманово 22
-Прилеп 21
-Тетово 18
-Неготино 14
-Охрид 11
-Гостивар и Гевгелија по 6
-Струга 5
-Штип и Битола по 4
-Ресен 3
-Велес и Делчево по 2
-Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија по 1

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79, 72, 67 и 57 години), 3 пациенти од Прилеп (79, 71 и 70 години), 2 пациенти од Гевгелија (85 и 71 години), и по еден пациент од Куманово (77 години) и Битола (80 години). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 167 оздравени пациенти од:

-Скопје 71
-Прилеп 26
-Велес 10
-Куманово и Струмица по 6
-Штип и Битола по 5
-Тетово и Гостивар по 4
-Кавадарци, Делчево и Кичево по 3
-Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово по 2
-Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука