март 16, 2022

Скопје, 16. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.535 тестирања, при што се регистрирани 328 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 179
• Прилеп 21
• Битола и Кавадарци по 17
• Куманово и Велес по 10
• Охрид и Кичево по 9
• Ресен 7
• Штип 6
• Гостивар, Струга и Радовиш по 5
• Гевгелија и Валандово по 4
• Тетово и Кочани по 3
• Струмица, Неготино и Свети Николе по 2
• Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница, Пробиштип, Богданци, Кратово и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии. Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58 години), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Гостивар (1) и Струмица (1). Починатите се пријавени во период од 09.03. до 12.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 48 до 77 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од:

• Скопје 131
• Битола 14
• Прилеп 13
• Кавадарци 12
• Куманово и Велес по 10
• Тетово 8
• Охрид и Кичево по 5
• Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар по 3
• Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци по 2
• Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука