Избор Култура Охрид

Поповски: Прличев не беше само поет, туку и полиглот и гениј

Охрид, 6. февруари 2016 (ОХРИДПРЕС) – Тотално ме окупира делото не само на поетот, туку и генијот Прличев, што не само што напишав монографија за него, туку и повеќе свои дела ги посветив на него, рече при презентацијата на своето слово за Прличев, проф. Д-р Георги Сталев Поповски.

Поповски изнесе податоци дека малкумина се запознати со книгите со историски податоци кои ги објавил Прличев, а се однесуваат на обелоденување на искривената вистина во грчката историја за македонскиот идентитет.

Словото за Прличев се одржа во Спомен куќата на Прличев во Охрид.

Проф. Д-р Георги Сталев Поповски има напишано монографија за Прличев, која е објавена во 2004 година.

Поповски ги потсети присутните на манифестацијата на исклучителни моменти од неговиот живот, каде неговата книжевна дејност се нашла во допирно точки со делото на Прличев. Тој се согласува со констатацијата на голем број книжевници од Македонија, кои вечеат дека секое слово е поврзано со делото на Прличев. Поповски речиси целиот негов работен век го посветил на ликот и делото на Григор Прличев. Вели дека тој повик кој го имал да работи, и не бил така случаен, повикувајќи се на интересни животни конициденции, кои на директен или индиректен начин го поврзале со Прличев.

– Бев поканет на едно читање за Лермонтов. Јас таму рецитирав извадоци од „Сердарот“. На присутните им реков вака: Нашиот преродбеник се вика Григор Ставрев Прличев, кај сум Георги Сталев Поповски, иницијалите ни се исти, Г.С.П. Тој е роден 1830 година, јас сум роден 1930. Тој починал 1893 година, а јас фала му на Бога, сум сеуште жив, но крајот на годината сеуште не е завршен. Оттогаш поминаа 22 години. Тоа се првите мои врски со Прличев, се потсети Поповски.

Поповски раскажа како на негови 22 години, прв пат му предложил на неговиот татко Стале Попов да почнат да го преведуваат на македонски јазик, бугарскиот и грчкиот превод на делото „Сердарот“. Преводот кој го направил Поповски, со помош на неговиот професор Харалампие Поленаковиќ и Блаже Конески, бил издаден во книга, заедно со автобиографијата која ја приготвувале за Прличев. Таа книга била отпечатена во издавачката куќа на Тодор Чаловски, „Галичка култура“.

– Тогаш читајќи го делото, се сеќавам како морници ме полазија по телото. Татко ми одлично знаеше и старогрчки и новогрчки. Тој ме праша како ќе го најдеме делото. Јас знаев дека единствениот примерок го имаше во библиотека, кој го оставила Деспина, ќерката на Григор Прличев. Татко ми преведуваше, а јас го средував во стихови. Успеавме да го преведеме за еден месец. А тоа беше 1953-та година, кога се совпаѓаше со 60-годишнината од смртта на Григор Прличев, додава Поповски.

Оригиналното дело на Прличев „Сердарот“ досега во Македонија има околу 35 изданија, а секое издание има своја варијанта. Последната варијанта излезе од печат во 2010 година, сосема во духот на Прличевата поема, со минимални отстапки.

ucenicizaprlicevНа денешната манифестација им беа доделени наградите на учениците кои имаа најдобри творби на конкурсот за творба при ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес