април 30, 2021

Скопје, 30. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, при што се регистрирани 365 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 166
-Куманово 27
-Битола 19
-Струмица 17
-Прилеп и Велес по 15
-Кавадарци 12
-Тетово 11
-Кичево 10
-Охрид, Свети Николе и Виница по 9
-Штип 8
-Ресен 6
-Гостивар 5
-Струга 4
-Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3
-Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2
-Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по 1

Пријавени се вкупно 37 починати лица: 11 од Скопје (50, 54, 57, 58, 71, 74, 82, 84, 85, 87 и 89 години), 8 лица од Струмица (63, 64, 66, 70, 71, 76, 76 и 79 години), 4 лица од Битола (67, 74, 82 и 88 години), по 3 лица од Тетово (56, 60 и 67 години) и Штип (63, 72 и 77 години), по 2 лица од Куманово (75 и 79 години), Кавадарци (64 и 73 години), и Кочани (77 и 88 години), и по едно починато лице од Прилеп (82 години), и Свети Николе (58 години). Пријавени се 10 пациенти кои се починати во период од 15-ти до 25-ти април 2021 година, а од нив 8 се починати во приватна болница.

Регистрирани се 594 оздравени пациенти од:

-Скопје 240
-Битола 42
-Куманово и Велес по 39
-Прилеп и Гевгелија по 26
-Гостивар и Струмица по 23
-Штип 20
-Кочани 15
-Берово 14
-Тетово 13
-Охрид 12
-Кичево 10
-Свети Николе 8
-Делчево 7
-Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5
-Валандово и Богданци по 3
-Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2
-Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука