Македонија Струга

Автомобилот на Кајмакоски уништен во сообраќајка

Скопје, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Даниел Кајмакоски вчера попладне доживеал сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.

Како што објави Канал 5, целосно бил уништен неговиот автомобил „Мини морис“, но за среќа Кајмакоски не е повреден.

Констатирана е само материјална штета, а според полицијата, настанал судар меѓу морисот со белградски таблички на Кајмакоски со автомобил „Пежо 206“. (Крај)

извор: Канал 5 фото: архива