Економија Избор

Бизнис средби за вмрежување на компании од сите региони во земјата

Скопје/Охрид, 18. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на претприемачи и менаџери на Македонија одржуваат бизнис средби за вмрежување на компании од сите региони во земјата.

Целта на настанот е поврзување на фирмите учесници во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија. Претставниците на компаниите на средбите имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи и услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива