Избор Култура

На денешен ден почина охридскиот сликар Димче Протуѓер

Охрид, 30. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1995 година почина познатиот охридски и македонски сликар и графичар Димче Протуѓер.

Тој е еден од основоположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Неговиот уметнички опус опфаќа пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго.

Со донесувањето на одлуката, на 1-ви декември 1944 година повереникот за народна просвета Епаминонда Попандонов донесе решение за назначување на Никола Мартиноски за директор на Државна художествена школа во Скопје. Президиумот на АСНОМ одлучи со отворањето на школата, истовремено да отпочне и курс за оспособување на привремени наставници за цртање и калиграфија, потребни за основните училишта и гимназиите. За директор на училиштето за применета уметност беше поставен директорот на Резбарското училиште од Охрид, академскиот сликар Димче Протуѓер.

Димче Протуѓер е роден во Охрид, на 24 октомври 1920 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ucilistelazarlicenoski