Македонија

Во Скопје ќе се одржи 5-тиот „Spring Wine Festival“

Скопје, 29. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од 11-ти до 15-ти мај веќе традиционално по петти пат на паркингот на Веро Центар ќе се одржи ексклузивниот пролетен вински фестивал „Spring Wine Festival“.

Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година ќе има дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, пропратени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика.

Од среда до недела паркингот пред Веро Центарот ќе се претвори во место каде мирисот на пролета, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе ги задоволат вкусовите на традиционално многубројните посетители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење