Здравје

Кратка и интензивна серија вежби заменува неколку месечни тренинзи

Онтарио, 29. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Мартин Џибала, професор по кинезиологија при Универзитетот McMaster во Онтарио, Канада, заедно со неговите колеги неодамна ги објавија своите наоди за ефективни кратки вежби во списанието PLoS One.

Експертите даваат упатство за физичка активност на возрасните лица, каде од нив бараат да се вклучат во најмалку 150 минутно вежбање со умерен интензитет или 75 минути со енергичен интензитет секоја недела, а дел од испитаниците биле подложени на комбинирани вежби.

Се покажало дека кај возрасните лица, далеку поголем ефект за здравјето имале кратките интензивни вежби, како брзо трчање на кратки патеки, брзо возење велосипед, брзо искачување по скали во серија од 50-на скалила секој ден во текот на една недела, или брзи кардио вежби.

– Ова е многу ефикасна стратегија за вежбање. Кратките експлозивни и интензивни вежби се многу корисни и имаат ефекти, за разлика од долготрајно бавно вежбање, каде не е вложува воопшто напор со мускулите, вели д-р Џибала. (Крај)

извор: medicalnewstoday фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење